Нова сообраќајка на делницата Гостивар-Тетово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После стравичната сообраќајна несреќа која пред некој ден се случи на патот Гостивар-Тетово, денес повторно се случи сообраќајка на оваа делница. Засега уште нема информации дали има повредени.

На социјалната мрежа Фејсбук, возач објави фотографија од сообраќајката со предупредување до другите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.

Пред два дена на истиот автопат, кај наплатната рампа се случи уште една сообраќајка во која загина 51-годишна жена од Кичево, а тројца патници беа повредени.