Актуелно

Нова ТВ: Гинекологот осуден на 2 години затвор избега од Македонија

Гинекологот кој, поради аферата и случајот со пациентка која девет месеци ја лажел дека е бремена, беше осуден на двегодишна казна затвор, д-р Николче Дамчевски, избегал од Македонија, пренесува Нова ТВ.

Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“. Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top