Нова вртоглава казна за Фејсбук од 5 милијарди долари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американското сојузно регулаторно тело му изрече вртоглава рекордна казна на технолошкиот гигант Фејсбук од 5 милијарди долари, во рамките на истрагата за заштита на приватноста на податоците на корисниците.

Ова е заклучокот на истрагата на Федералната комисија за трговија која ги испитуваше обвинувањата дека политичката консултантска фирма „Кембриџ Аналитика“ незаконски дошла до личните податоци на 87 милиони корисници на Фејсбук.

Двете страни засега не се огласија со коментар. Ова е досега најголема казна доделена на една технолошка компанија.

Досега „рекордот“ го имаше казната од 22 милиони долари, за компанијата „Гугл“ во 2012 година.