Вебкафе

Нови докази за загубениот гроб од Александар Велики откриени во Египет

Истражувањата и ископувањата во александрискиот антички кралски кварт донесоа интригантни докази и наводи за фамозното последно почивалиште на еден од најголемите војсководци и освојувачи во историјата, Александар Велики, пренесува National Geographic.

Во последниот час од последниот ден од долгото и фруструрачко ископување, Калиопе Лимнеос-Папакоста, археолог од Грција, била подготвена да си замине дома. Таа 14 години ги истражува градините Шалалата, јавен парк во срцето на Александрија, Египет, барајќи траги од Александар Велики. И мислела дека ќе си замине со празни раце.

Но, во тие моменти, мало парче почва открило нешто интригантно, па асистентот ја викнал Папакоста да разгледа и проучи едно парче бел мермер кое ѕиркало од под земјата. Тоа било зрак на надеж за Калиопе.

„Се молев и се надевав да не е само уште едно обично парче мермер“, изјави Папакоста.

И нејзините надежи се оствариле. Парчето мермерен артефакт испаднало дека е ранохеленистичка статуа која ги има сите идентификациски физички белези на Александар Велики. Тоа било моќно и мотивирачко откритие за обесхрабрената Калиопе да продолжи да копа во рамки на нејзините археолошки истражувања.

Седумгодини подоцна, Папакоста, која го води Истражувачкиот Хеленистички Институт од Александриската цивилизација, со ископувања има навлезено 10,5 метри под денешната, модерна Александрија и го има откриено античкиот кралски кварт од градот.

Ова е најголемото оригинално откритие во рамки на ископините во Александрија кое е пронајдено досега, велат археолозите.

Најпопуларно

To Top