Нови, повисоки цени на бензините стапија на сила од полноќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во наредниве две седмици сите корисници на автомобили кои се движат на бензин ќе плаќаат поскапи горива – така одлучи Регулаторната комисија во најновата корекција на цените на истите.

По последната одлука на регулаторната комисија стана јасно дека поскапуваат само бензините, додека дизелот останува со иста цена.

Тоа значи дека Еуросупер БС-95 бележи раст на цената од пола денар и ќе се точи по 62,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и возачите со ова гориво ќе полнат резервоари за 64,50 денари.

60 денари по литар е цената на дизелот кој не претрпе промени.