Нови турбуленции во брачниот живот на Вејн и Колин Руни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брачниот живот на англискиот фудбалер Вејн Руни со неговата сопруга Колин повторно е на „нозе од мраз“, поради новиот инцидент кој го предизвика Руни.

Како што пренесуваат медиумите, Колин дури сериозно размислува и планира да се врати од Вашингтон во Англија, заедно со нивните деца, и таму да започне ново поглавје од животот само со децата, без Вејн.

Поради минатите инциденти и испади кои Руни ги правел, Колин му забранила на својот сопруг да излегува и да пие алкохол, но фудбалерот успеал да излезе од домот да замине во еден ноќен клуб каде ја запознал келнерката Вики Росиек.

„Не знаев кој е се додека неговите пријатели не ми кажаа. Седевме заедно и добро се забавувавме. Ми делуваше како некој стабилен, повлечен и срамежлив тип“, изјавила Вики , по што дополнила дека потоа сите заедно отишле во еден бар.

Колин и Руни ја започнаа нивната љубовна врска кога таа имаше само 16 години, а се веначаа во 2008 година. Во нивниот брак ги имаат четирите сина – Кај, Клај, Кит и Кас.