Advertisements
Вебкафе

Новиот „темен режим“ на Твитер всушност е црн и е фантастичен

Еден од најдобрите дизајнерски трендови во изминатава година и нешто е подемот на „темните теми“ за популарните апликации. Ако минувате прилично долго време загледани во екраните, „темните режими“ се одлични за такви ситуации бидејќи се поприфатливи и „полесни“ за очите, а и поштедливи за батеријата на мобилните телефони.

А во тој поглед, Твитер својот „темен режим“ го направи уште подобар, со уште потемна тема која во суштина е црна (за разлика од претходните морнарско сини мотиви) и можност за автоматско активирање на таквиот режим на користење.

Достапна за iOS

Со овие промени (кои се достапни за iOS), Твитер додава и поцрна варијација на „темниот режим“ наречена „Lights Out“. За разлика од претходните темни теми, „Lights Out“ всушност е црна – „чисто црна тема од палетата на црната боја, која не емитува никаква светлина додека пикселите се исклучени“, велат од Твитер.

„Андроидите“ ќе почекаат уште малку

За оние кои сè уште не се наклонети кон „темниот режим“, ова можеби ќе биде дополнителна стимулација за прифаќање на таквото подесување. Поминуваме прилично многу време зјапајќи во нашите „смартфони“ и тоа е еден вид наша зависност која предизвикува хаос и за очите, но и за мозокот. Со темните теми барем можеме да направиме нешто поарно за нашите очи.

Корисниците на Android, исто така, добиваат и нов автоматски темен режим, но ќе треба да почекаат за базично целосно црна тема, бидејќи од Твитер пренесуваат дека ваквата верзија за Android е уште во изработка.

Advertisements

Најпопуларно

To Top