Живот

Ново од Емили Ратајковски

Познатиот модел и модна дизајнерка Емили Ратајковски се пофали со нови парчиња брендирана долна облека од нејзиниот личен бренд, кои нормално, сама си ги промовираше.

Свесна е дека самата таа е без конкуренција најдобриот модел за парчињата долна облека кои лично таа ги дизајнира, па затоа и сама си ги промовира.

Емили ги истакна совршените облини позирајќи се во најновите модели што ја дизајнираше и ја нарече „Inamorata Woman“.

Поради новата линија на бикини, таа доби голем број критики дека „нормално исполнетите“ жени не можат да ги носат. Но, критиката беше побиена од плус сајз убавицата Ешли Греам, која редовно се појавува во моделите на Емили.

Исто така, Ратајковски неодамна откри дека не и пречат претерано негативните коментари кои ја обвинуваат дека е само гола и глупава, затоа што таа „заработува богатство“.

Манекенката, исто така, почна со глума, што не изненадува со оглед дека е во брак со актерот и продуцент Себастијан Бир-МекКлард со кого се заедно веќе една и пол година.

Advertisements
To Top