Облачен петок со повремени дождливи периоди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме генерално облачно време, со повремени појави на врнежи на дожд кои ќе бидат поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 13 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица.