Актуелно

Од денес може да се аплицира за субвенции за вградување систем на плин или метан во возилата

Од денес е пуштен во оптек јавниот повик од Министерството за економија на кој граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенционии за вградување на систем за плин или метан во возилата.

Станува збор за субвенции до 50 отсто од фактурата, но не повеќе од 18.000 денари. За оваа цел министерството има вуџет од 15 милиони денари.

Возилото не смее да е постаро, односно произведено пред 2005 година, а повикот важу за само еден член, односно автомобил од едно семејство.

Повикот, односно рокот за поднесување на документите, е во 30 дена и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. При тоа документацијата, односно платената фактура од регистрираниот сервис терба да биде во рамките на овој период.

Advertisements
To Top