Од оваа бесна машина ќе се произведат само 40 примероци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Култниот автомобилски бренд Pagani од својот најнов болид планира да произведе само 40 примероци, со што самата машина ќе биде дополнително привлечна и уникатна.

Pagani веќе со години произведуваат хиперспортски автомобили со безобразно високи цени. Наместо нови модели, тие претпочитаат да претстават специјални дизајни, а судејќи според интересот , тие многу добро ги познаваат купувачите.

Најновиот во серијата е означен како Huayra Roadster BC, кој има неверојатни перформанси.

Така, за околу 3,5 милиони американски долари, Pagani нуди исклучително привлечен автомобил придвижуван од 6.0 V12 мотор на AMG. Испорачува 802 КС и 1.050 Nm, што е околу 50 КС и 50 Nm повеќе од купето. Ирелевантно, во однос на тоа што има погон на задните тркала и седумстепен X-Trac менувач. И најдобро од сè, тежината на автомобилот е извонредна, 1.217 кг.

За чудовиштето на Pagani, Pirelli дизајнираше специјални гуми, а една од последиците е уште подобар баланс. Доволно е да се каже дека овој модел може да се справи со странично забрзување од 1,9G, што е значително подобро од Chiron, на пример, кој не може да издржи повеќе од 1,5G.

Посетителите на изложбата во Монтереј ќе можат да го видат автомобилот првпат во живо следниот месец, но знаејќи ја досегашната практика, сите примероци би можеле до тогаш да бидат резервирани.