Од први јули стартува враќањето на 15% од ДДВ кај граѓаните


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Системот според кој е предвидено враќање на 15 отсто ДДВ кај граѓаните на производите кои што имаат 18% данок на додадена вредност е воспоставен, а готова е и апликацијата, па целата процедура за враќање на ДДВ ќе стартува од 1 јули.

Во моментов системот се тестира. Но, на десет дена пред стартот на оваа мерка ниту од Министерството за финансии, ниту од Управата за јавни приходи (УЈП) нема детали како ќе функционира и како ќе се инсталира. Од Финансии велат дека до крајот на неделава ќе излезат со упатство и информации за граѓаните ќе имаат можност за враќање на ДДВ.

Премиерот Зоран Заев пред повеќе од еден месец најави дека граѓаните преку мобилна апликација на која ќе го скенираат кодот на фискалната сметка ќе можат да добијат поврат на ДДВ.

На денешната прес-конференција која за оваа мерка ја одржа премиерот Заев, тој објаснуваше низ бројки и системски чекори како ќе оди имплентацијата и враќањето на данокот на додадена вредност кај граѓаните. Еве ја неговата интегрална изјава.