Од стомакот на 26-годишна Индијка хирурзи извадоа накит вреден 53.000 фунти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лекарите и хирурзите од индиската држава Западен Бенгал останаа запрепрастени кога од стомакот на една 26-годишна Индијка извадоа накит и монети во вкупна вредност од 53.000 фунти.

Руни Катун се јавила во болницата кон средината на јули со сериозни проблеми, кога почнала да го повраќа секој оброк. Лекарите веднаш ја упатиле на итна операција кога виделе што сè има во нејзиниот стомак.

За време на оперативниот зафат од стомакот на Руни биле извадени 69 златни ланци, 80 обетки, 46 монети, осум медалјони, 11 носни обетки, четири клуча, пет белезици за нога и еден рачен часовник.

Катун наводно голтала накит од продавница, но и парчиња од домашната колекција на накит. Нејзината мајка раскажала дека забележала оти почнале да исчезнуваат ланчиња и обетки од нејзината куќа, но немала поим дека нив ги голта нејзината ќерка.

Сидарта Бисвас, шефица на хируршкиот оддел во болницата Рампурхат, изјави дека пациентката изгледала премногу слабо кога се јавила кај лекарите.

Нејзиниот хемоглобин бил толку низот, што лекарите морале прво да ја доведат во стабилна состојба пред да го изведат оперативниот зафат.

„Нејзината состојба беше толку критична, што требаше да прими пет шишиња крв. Не можеше ни физички да внесува храна, па моравме да ја храниме ние“, објаснува Бисвас.