Одбил да ѝ плати вечера од 110 евра на девојката – муабетот на „чет“ после тоа е бесценет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корисник на Reddit сподели негативно искуство од првиот состанок со една девојка. Првично мислејќи дека поминал добро, ја поканил типката да излезат повторно, но таа тогаш си го покажала своето вистинско лице. Неговите одговори на нејзините критики се одлични.

Откако ја покани на нов состанок, типката го одбила со објаснување дека нема шанса да излезе повторно со него после тоа што го направил првиот пат, па тој зачуден ја прашува што направил погрешно.

„Првиот состанок беше забавен сè додека не почна да зборува за други дечко и колку ѝ се допаѓал тој неа, па си помислив ’ајде да јадеме, да помуабетиме и да си одиме‘, со оглед на фактот дека неа ѝ се допаѓа друг дечко, но сето тоа се распадна кога дојде сметката“, открива дечкото од ситуацијата за Bored Panda.

„Беше шокирана што ја оставив сама да си го плати нејзиниот дел од сметката. Ништо не рече тогаш, но по нејзиниот израз на лицето сфатив дека беше бесна“, раскажува дечкото. „Обично ја плаќам целата сметка, но јас сум студент со 60 работни часа неделно за да си ја платам храната, книгите и другите лични трошоци. Очигледно не можам да си дозволам 110 евра за нејзината храна и пијачка. Ја поканив повторно да излеземе, да ѝ се извинам за минатиот пат и се надевав дека ќе можеме да одиме на некое поветино место, но како што гледате, резултатите од тој мој обид беа доста лоши“, додава тој.

Типката го одбила неговиот предлог повторно да излезат бидејќи тој на првиот состанок не ги платил нејзиниот јастог и виното кои чинеле вкупно 110 евра, плаќајќи ги само своите карбонара и пиво кои чинеле 17,50 евра, иако таа била иницијатор за состанокот и прва го поканила да излезат. Целиот разговор дечкото го објави на Reddit.