Одмаздата на мечката: Ограби камионет на ловџии


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Група руски ловџии со својот камионет застанале крај патот додека возеле на полуостровот Камчатка, на рускиот далечен исток, без да насетат што ги чека во таа ситуација.

Голема кафена мечка го искористила моментот да му пријде на камионот и од него да украде контејнер со храна со своите масовни челусти.

Затечените ловџии можеле само да ја набљудуваат оваа неверојатна глетка која се одиграла пред нивните очи, а некои барем биле доволно брзи да го снимат овој несекојдневен крадец. Неколку секунди подоцна, мечката побегнала во шумата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alexandrvororob’ev (@aleksandr030877) on

Локалните медиуми пренесуваат дека ловџиите знаат оти мечката живее во близина и повремено ја хранеле.

Меѓутоа, овој пат контејнерот со храна бил наменет за нив, а не за мечката.