Официјално: Обвинение за Шакира за затајување данок од 14,5 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанското обвинителство поднесе обвинение против светски популарната музичка ѕвезда Шакира за затајување на данок, наведувајќи дека Колумбијката од 2012 до 2014 година не платила данок од 14,5 милиони евра.

Во обвинението се тврди дека Шакира ги навела Бахамите како свое официјално престојувалиште поради данокот, но всушност за тоа време тааживеела во Шпанија со својот партнер асот на Барселона фудбалерот Џерард Пике.

Според тужителите во Барселона , Шакира само на кратко поради професионални обврски патувала о странство, додека поголемиот дел од годината го минувала во Шпанија. Сега тие бараат Шакира да плати данок во Шпанија на сите нејзини приходи од целиот свет.

Колумбиската пејачка официјално поради данок се преселила во Шпанија во 2015 година.

Сега судот треба да одлучи дали има доволно докази Шакира да биде изведена пред судење.