Официјално: Стево Пендаровски е консензуалниот кандидат за претседател


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стево Пендаровски ќе биде заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ, потврдија партиски извори за медиумите.

По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат, пренесува „Телма“.

Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.

Пред средбата со нив, Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.