Охрид, 1863 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на експедицијата во 1863 година која во Македонија ја направил Јохан Георг фон Хан од Австриската академија на науките, направени се едни од најстарите фотографии на нашиот езерски бисер Охрид и Охридското езеро.

Јохан Георг фон Хан, роден 11 јули, 1811 година, починат 23 септември, 1869 година, бил австриски дипломат, филолог и специјалист за албанската историја, јазик и култура.

Роден е во Франкфурт на Мајна. Во 1847 година бил именуван за австриски конзул во Јанина, главен град на Епир, денешна Грција. Потоа бил префрлен на островот Сирос во 1851 година, а од 1869 година бил конзул во Атина.

Јохан Георг фон Хан се смета за основач на албанските студии. Бил собирач и издавач на изворни материјали од албанскиот јазик и култура.

При неговата посета на Охрид во рамки на експедицијата иницирана од Австриската академија на науките, направени се едни од најстарите фотографии на градот и езерото, но и едни од најстарите фотографии од Македонија.