„Once Upon A Time In Hollywood“ и Квентин Тарантино 6 минути го држеа Кан на нозе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во присуство на главните актери од најновото филмско остварување на култниот холивудски режисер, Квентин Тарантино, славните Леонардо ДиКаприо и Бред Пит, на Канскиот филмски фестивал беше премиерно прикажан овој долгоочекуван филм.

Светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино беше одржана во Кан, а гледачите беа толку воодушевени што го наградија со шест минутни овации по прикажувањето.

Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Маргот Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино му се приклучија на режисерот на срвениот тепих.

Приказната за златниот период на Холивуд низ призматана двајца пријатели, актери (Бред Пит и Леонардо ДиКаприо) во времето кога светот е шокиран од веаста за убиството на актерката Шерон Тејт (Маргот Роби), доби одлични критики.

Во филмот се појавуваат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лена Данам, како и починатиот актер Лук Пери. Истиот веќе го оценија како еден од најдобрите филмови на Тарантино.