Оргии, групни промискуитетни сеанси и домашни снимки: Тајниот живот на најубавата холивудска актерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Благодарение на најновиот филм од Квентин Тарантино, јавноста повторно на големо се заинтересира за животот (и смртта) на актерката која беше убиена пред да ја стекне својата светска слава.

Шерон Тејт беше на прагот на холивудската и светската слава, а во тоа секако ќе беше од помош и бракот со познатиот режисер Роман Полански, со кој чекала и дете. Сето тоа делувало како приказна од бајките, а пристигнала и првата номинација за „Златен глобус“ за улогата во филмот „Valley of the Dolls“.

Но, на 9 август, 1969 година, Тејт беше избодена до смрт во нејзиниот дом, а во истиот брутален напад настрадаа и гостите на забавата која таа ја приредувала. Во нејзиниот дом упадна „семејниот клан“ на Чарлс Менсон и изврши масакр кој го шокираше светот.

Тогаш 26-годишната Шерон ги преколнувала своите крвници да ја земат како заложник и да ја држат во живот доволно долго за да може да го роди своето дете, но бруталните убијци немале милост. Ја масакрирале со 16 убоди и ја задавиле.

Требаше да стане светска ѕвезда

Во фимот од Тарантино „Once Upon A Time In Hollywood“ Тејт ја глуми Маргот Роби, која совршено ја толкува улогата на починатата актерска надеж позната по прекрасните очи и комичните улоги во филмовите.

На големото платно Шерон прв пат се појавила во филмот „Barbabbas“ во 1963 година, но до следната нејзина филмска улога ќе чека 5 години. Таа ја добива во филмот „Eye Of The Devil“. Роман Полански ја ангажирал во својот филм „The Fearless Vampire Killers“, но нивната љубовна приказна не почнала баш бајковито. Напротив, честите кавги биле вообичаени на снимањата, но Шерон го импресионирала со својата актерска изведба, а набрзо после тоа ја започнале и нивната љубовна врска.

Следниот филм во кој се појавила е „Don’t Make Waves“ со Тони Кертис, а потоа следеше нејзината најголема улога, онаа во споменатиот „Valley of the Dolls“.

За истата е номинирана за „Златен глобус“, а потоа сними уште еден филм со Дин Мартин. После тоа остана бремена и за време на бременоста одлучи да се пресели во домот на Село Драјв, Лос Анџелес. Таа одлука ја плати со животот.

Сексуалните авантури на Шерон Тејт

Меѓутоа, и покрај бракот, нејзиниот живот беше сè, само не нормален живот на една жена од предградието. Иако сакала традиционален брак, ветувала дека нема да се обиде да ги смени промискуитетните навики од нејзиниот сопруг.

Во некои биографии се тврди дека Полански често бил неверен сопруг и ја уверувал дека треба да снимат домашно порно, па дури и да учествуваат во групни секс сеанси.

Но, тоа била таа една од нејзините турбулентни врски. На почетокот од кариерата била во врска со 29 години постариот актер и режисер Ричард Бејмер. Била верена со актерот Филип Форкет кој има гаден табиет и често ја тепал. Во една прилика опасно ја избодел во градите со шише од виски.

Наводно била во романтична врска со легендата Стив МекКвин пред да ја започне врската со фризерот Џеј Себрин, со кого ја прекинала врската кога го запознала Полански. Останале во добри односи, а Себрин, исто така, е една од жртвите на „Семејството“ од Менсон, бидејќи бил гостин на кобната забава кај Тејт дома кога се случил масакрот.

Шерон е една од првите актери кои се појавиле голи пред камерите, што во ’60-те години од минатиот век уште беше контроверзен потег во Холивуд. Ед Сандерс, кој ја има напишано биографијата „Sharon Tate: A Life“, тврди дека Полански често организирал оргии во нивниот дом во Лос Анџелес.

Ги снимал тие забава и снимките од оргиите ги пуштал на забавите со своите познати и популарни пријатели. Се зборува дека до таа мера бил склон да го контролира животот на Тејт, што тој одлучувал што ќе носи таа.

Кобната ноќ

Сето тоа доведува до кобната ноќ. Секое од убиствата било брутално. Џеј бил застрелан откако се обидел да го спречи нападот врз Шерон, а после тоа дополнително бил избоден уште седум пати. Стивен Парент, пријател и домашен помошник, бил убиен во моментот кога „Семејството“ (без Менсон) упаднало во куќата, а дечкото тогаш имал само 18 години.

Војчек Фриковски спиел на каучот, а еден од убијците, Текс Вотсон, го удрил со нога во главата за да го разбуди. Кога Фриковски го прашал што прави, Вотсон одговорил: „Јас сум ѓаволот и дојдов да ја одработам ѓаволската работа“.

После тоа, Вотсон врзал јаже околу вратовите од Шерон Тејт и Џеј Себринг и јажето го префрлил преку градата во дневната соба.

Напаѓачите ѝ наредиле на Абигејл Фолгер да ги однесе во спалната соба, каде од торбата извадила 70 долари кои тие ги зеле. Во еден миг таа успеала да избега од собата, но ја стигнала Патрисија Кренвинкл и била избодена од нејзина страна. Вотсон решил да ја доврши работата и дополнително ѝ нанел уште 28 убоди.

Фриковски бил врзан, но успеал да се ослободи и почнал да се бори со една од девојките од „Семејството“, Сузан Аткинс. Аткинс му нанесла убоди по нозете, но успеал да побегне од куќата. Но, немал среќа во бегството, бидејќи го фатил Вотсон и го удрил со своето оружје по главата. После тоа бил избоден уште неколку пати, два пати застрелан, но и покрај тоа, почнал да бега. На крајот им подлегнал на раните. На телото имал 51 убод од нож.

Шерон била повеќекратно избодена со нож во пределот на градите, а потоа и задавена. Бебето, кое од раѓањето го делеле само неколку недели, не успеало да ги преживее раните кои ги здобила мајката која се борела не само за својот живот, туку и за животот на своето дете.

После колежот, убијците зеле крпа со која му ги врзале рацете Војчек, ги натопиле со крв и со нив на влезната врата напишале „свиња“.

Ден пред колежот во кој настрадале пет возрасни лица и едно неродено бебе, „Семејството“ упаднало во домот на Лено ЛаБјанка и неговата сопруга Розмари. Полицијата првично не ги поврзала двете злосторства, а за поврзаноста дознале откако привеле некои од членовите на „Семејството“ Менсон поради серија кражби на автомобили.

Сите инволвирани биле уапсени неколку дена после убиствата, а судењето започнало на 15 јуни, 1970 година. Од инволвираните четворица се осудени на смртна казна. Аткинс починала од тумор на мозокот во 2008 година, а нејзините барања за помилување се одбивани 18 пати.

Чарлс Менсон, лидерот на озлогласениот култ, кој лично не убил никого, смртта ја дочека во затвор. Почина од последица на срцев удар на 19 ноември, 2017 година, на 84-годишна возраст.