Основен суд Скопје 2 ја прифати тужбата за мобинг против Панчевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата што вработен во Скопскиот кривичен суд ја поднесе против поранешниот претседател на Кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски, објави ТВ 21.

Граѓанскиот суд веќе ја дал на разгледување прифатената тужба кај судијката Хилда Мешкова, а таа треба да закаже почеток на судскиот процес.

Поднесител на тужбата за мобинг е Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси и ексраководител на сите стручни соработници во кривичниот суд.

Тужбата за мобинг е поднесена поради однесувањето на Панчевски кој не само што го прерасподувал на работни позиции кои не одговатаат на неговите стручни квалификации, туку и без основа и парично го казнувал.