Откриена главната трансфер цел на Милан!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан ова лето започнува нова ера со ново раководство и нов тренер.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан официјално беа претставени како ниви директори, а се очекува во текот на утрешниот ден Марко Џампаоло да биде назначен за нов тренер на „росонерите“.

Новото раководство веќе работи на засилување на тимот, а „Газета дело Спорт“ ја откри главната трансфер мета на „росонерите“ ова лето. Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира.

Тореира минатото лето од Сампдорија се пресели на „Емирати“ за 30 милиони евра и имаше одлична сезона, па медиумите на Островот дури го споредуваа со Нголо Канте.

Тренерот Џанпаоло одлично го познава бидејќи двајцата соработуваа во Сампдорија, па по секоја цена го сака повторно во својот тим и смета дека ќе биде идеално засилување за „росонерите“.

Самиот Тореира не е задоволен од животот во Англија и сака да се врати во Италија, па веќе му кажал ДА на Милан.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Милан спремил понуда од 35 милиони евра, но Арсенал за слободата на Уругваецот сака најмалку 40 милиони евра, па се очекува двата клуба наскоро да започнат преговори.

Со оглед на проблемите со финансискиот фер-плеј, Милан е спремен да го продаде Франк Кеси, а не е исклучена и трампа помеѓу двата клуба.