Откриени детали: Зидан во Реал ќе заработува богатство!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само 10 месеци од заминувањето, лани во мај, Зинедин Зидан повторно е на тренерската клупа на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Иако Французинот се поврзуваше со многу европски гиганти, на крајот на големо изненадување одлучи да се врати на кормилото на „кралскиот“ клуб. За да се случи тоа претседателот Флорентино Перез мораше добро да го одврзе кесето.

Имено, Зидан со новиот договор годишно ќе заработува 12 милиони евра до 2022 година, што е дури 6 милиони евра повеќе од тоа што го заработуваше во првиот мандат.

„Среќен сум што повторно сум дома. Сакам клубот повторно да го вратам таму каде што му е местото. Беше тешко да се гледа што се случува. Јасно е дека на тимот му требаат промени за повторно да победува. Јас живеев во Мадрид, бев преокупиран со лични работи, но ги наполнив батериите и подготвен сум повторно да го предводам овој голем клуб“, изјави Зидан.

Реал го заврши настапот во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Ајакс во осминафиналето, како и во „кралскиот куп“, во кој беше елиминиран од Барселона, а во моментов е трет во шпанското првенство, со минус од 12 бода зад лидерот Барселона.

По веста за враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“, следуваше и објаснување дека станува збор за договор според кој тој ќе има целосна контрола врз трансферите.

Шпанските медиуми тврдат дека покрај големата плата, Зидан ќе добие и огромен буџет за летни засилувања за да направи тим по свој вкус.