Ова се четирите тајни кои момците несомнено ги кријат од жените…?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што жените сокриваат многу работи од својот партнер, исто така постојат и оние тајни кои припадниците на посилниот пол не сакаат жените да ги знаат. Овие сње само некои од нив.

Се плашат од одбивање

Без на оглед на тоа колку се самоуверени, секој маж се плаши од одбивање. Поголемиот дел од жените сметаат дека на мажите е први да пријдат и да го направат првиот чекор, но реалноста всушност е многу поинаква, особено кога се работи за девојка која многу им се допаѓа.

Тешко им е да пронајдат сродна душа отколку жените

Доколку жените сакаат врска, романтичен состанок, излегување, многу е веројатно дека во многу краток период тоа и ќе го добијат. Меѓутоа, со момците е поинаку. Тие се тие кои мораат да се трудат, да ги задоволат женските „хирови“, па дури тогаш да уживаат во времето за двајца. Колку и на жените да им делува едноставно, за момците ситуацијата е сосема поинаква.

Момците всушност не знаат што жените сакаат

Од малите околината им праќа различни информации за тоа што жените сакаат. Тоа, помешано со искуството од почетокот, забавување, резултира со тоа што сите додека не ја пронајдат личноста која ќе им каже тоа што и е на ум, се што прават всушност се сведува на нагаѓања.

Друштвото ги притиска повеќе од жената

„Биди џентлмен, биди независен, биди мачо маж“, сите тие се норми кои друштвото ги наметнува кај машкиот пол, бидејќи „тие се мажи“. Кога жената ќе замоли за помош, таа не мора да стравува да биде осудена од околината, додека со момците ситуацијата е потполно поинаква. Од нив се очекува секогаш и секаде да бидат „силни и на висина на задачата“.