Ова видео ќе ви покаже колку нашите работи се валкани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Производувачот на сапуни Lifebuoy на многу несекојдневен начин одлучи да покаже на луѓето колку нивните работи всушност се валкани. Билбордите кои се наоѓаат во трговските центри компанијата ги премачкала со бактерии.

Целта била на луѓето да се покаже како бактериите од разни предмети се лепат за нивните работи, а на крај на денот на билбордите можеле да се видат бакетриски колонии.

Луѓето на тој начин имале можност да видат количина на бактерии и габички кои се невидливи на домашните апарати, паметните телефони, паричниците и џојстиците.

Lifebuoy за кампањата ангажирале тим на микробиолози, но не е јасно дали компанијата ги разликувала штетните бактерии и микроорганизмите од тие кои можат да бидат корисни за здравјето. Вакви билборди засега можат да се видат само во пазарните центри во Јужна Америка, а компанијата во следните години планира да ги постави ширум светот.

„Огласувањето досега не покажа дека бактериите се лоши и дека можат да предизвикаат болести, а на овој начин се укажува на потенцијална опасност и проблем кој не се сфаќа сериозно” – вели Хуан Чиапесони, креативен директор на компанијата The Electric Factory, која се занимава со огласување.