Актуелно

Оваа земја е прогласена за најдобро и најпосакувано место за живеење на светот

Швајцарија е прогласена за најдобро и најпосакувано место за живот и работа во светски рамки од страна на HSBC.

Со оваа престижна своевидна титула оваа европска земја го симна Сингапур од тронот на листата на HSBC, кој титулата за најдобро место за живеење ја држел пет години.

Високиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата, на големо помогнале во ова време на глобална несигурност да се искачи за дури седум места.

Од економската клима на земјата задоволни се дури 80 проценти од испитаниците, додека 86 проценти од нив искажале задоволство од политичката ситуација.

Околу 82 проценти од луѓето кои поради работа се преселиле во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобриот животен стандард во споредба со својата држава.

Имено, дури седум од десет од оние кои се преселиле во Швајцарија сега уживаат повисоко ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111,587 долари – што е значајно повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се нашле Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, ОАЕ и Виетнам.

Advertisements
To Top