Спорт

Овој човек заработи богатство само од откази!

Фудбалскиот тренер Марк Хјуз добил солидна сума на пари под формата обештетување при отказите кои ги добиваше изминатите години.

Во последните 9 години, Хјуз добиваше откази од кормилата на Манчестер Сити, КПР, Стоук и Саутемптон за што на банкарската сметка добил вкупно 18 милиони фунти.

Последниот отказ Марк Хјуз го доби во Саутемптон, пред неколку дена, откако неговиот тим запиша само една победа од почетокот на Премиер лигата.

Во последните девет години Хјуз не доби отказ само во Фулам. Тој сам си замина од клубот откако заврши на 8-мо место во сезоната 2010/11.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top