Пари летаа од блиндирано возило, на патот настана целосен хаос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Среќата на оние кои се најдоа во четвртокот на местото каде за време на сообраќајната гужва од едно блиндирано возило почнаа да летаат пари траеше кратко – полицијата побара од нив да ги вратат сите пари, а за возврат вети дека нема да ги гони оние кои ги задржаа собраните банкноти.

Полицијата од Источен Радерфорд нешто после осум часот изутрина во четвртокот прими повик дека кеш лета од блиндирано возило и дека настануваат голем број сообраќајни несреќи поради возачите кои ги напуштаат возилата за да собираат пари.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како блиндираното возило Brinks на 15-тина километри од градот Њујорк и луѓе кои трчаат меѓу возилата и собираат пари од улица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Shah (@dbholden417) on

„Тоа е многу опасно, сите таму собираат пари“, вели една жена на објавеното видео.

Полицијата од Источен Радерфорд објави дека најголем дел од парите биле вратени, но не објави колку, како ни колку вкупно долари излетале од возилото.