Парите не играат фудбал: Ајакс е чист пример – еве колку потрошија за оваа генерација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската школа на Ајакс е позната од поодамна, овој клуб на светот му подарил голем број фудбалски легенди како Сидорф, Давидс, Клајвертс, Овермарс, Ван Дер Сар…, пишува Спортски.мк.

Во 1995 година Ајакс стигна до европската титулата, а оваа година овој тим има нова страшна генерација: Де Лихт, Де Јонг, Ван Де Бек, Зијеш, Нерес, Тадиќ…

Ајакс има фантастични играчи и во тоа нема соменвање, но овој тим Холанѓаните го составија за околу 50 милиони евра, сума која може да се каже дека на денешниот трансфер пазар е мала. Главниот адут на Ајакс како и секогаш и оваа година е нивната школа.

Од стартниот тим на Ајакс петмина фудбалери потекнуваат од школата на клубот и во Амстердам се од својата најмала возраст, шестиот е купен за едно евро подоцна, голманот го доведоа за 150.000 евра, а за четвротица беа платен поголеми оштети.

https://twitter.com/AndreyTP5/status/1118272128850198533

Ајакс практично инвестирањето во овој тим веќе го „врати“ и го наплати само со продажбата на Френки Де Јонг кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона, за неговите услуги Каталонците ќе платат 75 милиони евра, плус 11 милиони како бонуси. Ќе потсетиме минатата година Ајакс на Рома и го продаде синот на легендарниот Патрик Клајверт, Џастин за сума од 35 милиони евра.

Навистина ова е неверојатно кога Ајакс ќе се спореди со останатите европскио гиганти, но овој тим му покажа на светот дека во фудбалот може да се успее и со помалку пари.

Извор: Спортски.мк