„Патека 52“: Нова ски патека во Маврово – еве што означува името


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од оваа година, со почетокот на новата скијачка сезона, љубителите на скијањето во Македонија ќе можат да ја користат новата ски стаза, наречена „Патека 52″, која е дел од скијачкиот капацитет на нашиот најпознат Скијачки центар Маврово.

Името на прекрасната патека звучи едноставно „52″, но е избор на следбениците на скијачкиот центар Маврово преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Со името се оддава чест на 52 загинати лица во снежна лавина, која се случила во февруари 1956 година.

Скијачкиот центар Маврово неодамна ги покани своите следбеници и пошироката јавност која користи социјални мрежи да предложат креативни имиња за патеката и повеќе од 500 следбеници на мрежите кои гласаа, за најдобро и најкреативно решение го одбраа „52“.