Пет феноменални причини да бидете интимни со вашиот партнер секое утро: Ова се благодети кои не треба да ги пропуштите?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, ја подигнува самодовербата, го подобрува сонот, го засилува имунитетот и ги троши калориите. Се прашувате зошто треба да го практикуваме сексот во утринските часови?

Го подобрува односот

Пред се, сексот дефинитивно ги зближува луѓето. Со оглед на тоа дека сексот го подобрува расположението, замислете само колку би било убаво да го започнете денот со позитивни вибрации. Освен тоа, од наутро ќе имате среќни спомени за кои ќе можете да размислувате во текот на денот.

Намалена анксиозност

Ендорфинот и другите „добри“ хормони, како што се окситоцинот и допаминот, поттикнуваат циркулација, ги смируваат мислите и го ублажуваат лачењето на кортизол. Кортизолот е „лош“ хормон кој се излачува во стресни ситуации и чест предизвикувач е на многу болести.

Интензивен оргазам

По повеќечасовен одмор, клиторисот е чувствителен и одлично реагира на стимулација. Кога велиме „одлично реагира“, мислиме на можноста да се постигне интензивен, но и повеќекратен оргазам.

Подобра концентрација

Оргазамот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ја поправа концентрацијата. Сексот може да има исто дејство како и утринската медитација, само што покрај сексот ќе потрошите повеќе калории.

Го забрзуваат метаболизмот

Во текот на ноќта, метаболизмот се забавува, и наутро е таков уште некое време. Најдобар начин за будење на метаболизмот е умерена утринска вежба или утрински секс.