Погба уште првиот ден од турнејата почна да прави проблеми (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пол Погба во неделата заедно со остатокот од тимот на Манчестер Јунајтед отпатува на турнеја во Австралија.

Вчера „црвените ѓаволи“ пристигнаа во Перт, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар. Уште на аеродромот медиумите се фокусираа на Погба и според неговиот израз на лицето јасно беше дека не е задоволен.

Неколку часа покасно играчите излегоа на прошетка и веднаш се појавија првите проблеми. Клубот на Твитер објави видео на кое се гледа како Погба и Лингард влегуваат во вербална расправа, а Линделов веднаш реагираше за да го смири Французинот.

Погба самиот призна дека е спремен да ја промени средината, а пред неколку дена неговиот менаџер потврди дека работи на трансферот.

Најсилен интерес во моментов за неговиот потпис покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, но Јунајтед е спремен да го пушти само за сума од 150 милиони евра.