Последната порака од Бренда до Дилан ги крши срцата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Телевизиската девојка на Лук Пери, актерката Шенон Доерти, е во шок поради неговата ненадејна смрт. Актерот кој почина вчера, на 53-годишна возраст, како последица од мозочниот удар кој го претрпе, цел Холивуд го остави завиен во жал.

Доерти, која во улогата на Бренда беше девојка на Дилан кој го играше Пери во славната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“, само неколку часа пред смртта од Лук изјави дека е сигурна оти тој ќе ја добие битката со влошената здравствена состојба. Сепак, Пери ја загуби битката, а Шенон за People даде изјава и последна порака до нејзиниот колега која ги крши срцата.

„Во шок сум. Со скршено срце. Уништена сум од загубата на пријателот. Имам толку многу спомени со Лук кои ме тераат да се смејам и кои засекогаш ќе бидат врежани во моето срце и во мојот ум. Лук беше паметен, мирен, скромен и сложен човек со златно срце и бескрајна добрина, интегритет и љубов. Лук беше цело време покрај мене со поддршка за време на мојата битка со ракот и нашата врска остана недопрена, иако бевме постари и помудри“, започна актерката.

„Постои посебен вид на љубов која ја имавме еден за друг, од снимањето на серијата низ целокупниот живот понатаму. Лук и јас работевме на идејата за заедничко шоу. Сакавме повторо да работиме заедно, да создадеме нешто посебно и смислено за нашите обожаватели во оваа фаза од нашите животи“, додаде Шенон.

„Ќе ми недостига секој ден. Секоја минута. Секоја секунда“, на крај заклучи Бренда во нејзината последна порака до Дилан.