Постхумна Пулицерова награда за соул легендата Арета Френклин


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓу лауреатите на Пулицеровата награда за 2019 година, престижно признание кое повеќе од 100 години, поточно од 1917 се доделува на њујоршкиот Универзитет Колумбија , за најголем придонес во новинарството и уметноста, е и неодамна починатата легенда на соул музиката, Арета Френклин.

Арета, во понеделникот вечерта, постхумно ја доби посебната награда за „пет децении исклучителен придонес кон американската музика и култура”.

Таа е наградена постхумно со Пулицеровата награда, како што претходните години оваа награда ја добија музичките легенди Дјук Елингтон, Џорџ Гершвин, Хенк Вилијамс, Џон Колтреин, Телониус Монк, Скот Џоплин и Боб Дилан.

Додеделувањето на оваа награда се поклопува со премиерата на биографскиот филм “Amazing Grace”, кој за време на овој викенд ќе биде премиерно прикажан во 1000 американски кино сали.