Потресни сведоштва на патниците за стравичната сообраќајна несреќа кај Лесковац


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За сообраќајната трагедија која се случи во близина на Лесковац, каде се преврте македонски автобус, според српските медиуми главни „виновници“ се лизгавиот пат, снегот и мразот.

„Кога се разбудив слушнав врескање. Видев луѓе со крвави глави и раце, и слушнав дека некој кажа оти има загинати“, раскажува момче од Битола, еден од патниците од македонскиот автобус на линија Битола-Виена, кој се преврте кај Лесковац. Во таа тешка сообраќајна несреќа загинаа тројца македонски државјани, а 32 лица се со полесни и потешки повреди.

На лице место загинаа маж и две жени, а меѓу повредените патници се наоѓа и бебе од година и пол дена и дете од девет години, и тие за среќа се во добра состојба.

Четворица патници имаат тешки повреди и тие се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, каде моментално се наоѓаат вон животна опасност, а нивната состојба постојано се следи.

„Не знам кој повикал итна помош и полиција, но набрзо стигнаа неколку коли итна помош и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите, мислам дека се од Лесковац и сите заедно не извлекоа од автобусот“, рекло момчето од Битола кое во несреќата си ја повредило раката, пренесуваат српските медиуми.

Како што раскажале повредените, не знаат како дошло до трагичната несреќа бидејќи воглавно сите во тој момент спиеле. Патниците воглавно се млади луѓе и некои од нив рекле дека тргнале на работа во Виена. Сите патници од превртениот автобус добиле и топол оброк и се сместени во одделенија во празни кревети за да се одморат во исчекување по нив да дојде друг автобус од Македонија. Според зборовите на директорот на општата болница во Лесковац, Небојша Димитријевиќ, потешко повредените се сместени на одделението за интензивна нега, додека има и такви кои се на хирургија и ортопедија.