Повторуваме: Не зјапајте долго во мобилниот навечер во темница!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според резултатите од истражувањето кое го направи истражувачкиот тим од Универзитетот во Толедо, синото светло може да ги трансформира очните молекули во клетки-убијци. Тоа е уште една причина повеќе зошто треба да избегнувате долго зјапање во екраните од мобилните, таблетите и лаптопите навечер, во темница.

Според истражувањето за влијанието на читање од мобилен или од таблет во темен простор, тоа може да доведе до молекуларна дегенерација , болест на окото поврзана со староста и која води кон целосно слепило.

,,Не е тајна дека сината светлина му штети на нашиот вид , така што ја оштетува очната ретина . Нашите експерименти објаснуваат како доаѓа до тоа и се надеваме дека ќе откриеме терапија за да ја забавиме молекуларната дегенерација , како производство на нови капки за очи.” изјави професорот Аџит Карунаратне од Универзитетот во Толедо , Шпанија.

Синото светло , објаснува професорот , предизвикува одредена хемиска реакција , која е токсична за фоторецепторските клетки , кои умираат и не се регенерираат .

Истражувањето , пак на Институтот за глобално здравје од Барселона покажа дека синото светло може да биде поврзано со некои видови на канцер.

,,Постојат докази на поврзаност при изложувањето на вештачка светлина ноќе со рак на дојката и на простата “ изјави координаторот на истражувањата , професорот Манолис Когевинас.

Според нивните истражувања ризикот за појава на рак на дојката или на простатат се зголемува од сината светлина за 1,5 до 2 пати.