Познати добитниците на наградата „8-ми септември“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Агенцијата за млади и спорт денеска ги соопшти имињата на добитниците на државната награда „8 Септември”.

Носители на престижната награда за посебни достигнувања во областа на спортот се:

– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори;
– Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда;
– Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот во Република Македонија.

„Државната награда за спорт „8 Септември” претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите“, изјави Каевски, директор на АМС.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот.