Познато колку време ќе паузира Нејмар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар заработи повреда на пријателскиот меч со Нигерија, а сега е познато колку време ќе отсуствува од терените.

Деталните медицински прегледи покажаа дека има повреда на бутниот мускул и му претстои период на рехабилитација од 4 недели.

Тоа значи дека Бразилецот ќе пропушти најмалку шест меча за својот Пари Сент Жермен и тоа против Ница, Бриж (два пати), Марсеј, Дижон и Брест.

Нејмар навистина нема среќа со повредите во последните два години, а некои од медиумите обвинуваат дека честите повреди се резултат на неговиот неспорски живот.

Бразилецот ова лето беше во центарот на вниманието поради неговото евентуално враќање во Барселона и многу подоцна ги започна припремите за сезоната.