Праисториска „распаљотка“: Нашите претци не бирале многу со кого имаат секс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последната научна студија посветена на сексуалните односи меѓу луѓето (поточно, претците на денешниот човек) и неандерталците покажува дека праисториските луѓе речиси и да немале критериуми и не бирале со кого ќе имаат секс, дали со човек или со неандерталец.

Според ДНК анализите на древни останки од овие примероци, резултатите покажаа дека луѓето и неандерталците  повеќекратно сексуално се вкрстувале во периодот од 35.000 години во кои заеднички живееле во рамниците на Евроазија.

„Станува збор за комплексна мрежа на сексуални средби во кои поединците имале сексуални односи со припадници на својата група – и со други хоминини,“, се објаснува во статијата посветена на ова истражување.

Ваквите средби научниците делумно ги објаснуваат и со тоа дека во тоа време не се пазело многу многу кој на која група припаѓа и од кој вид е. Освен меѓу себе, неандерталците и луѓето се мешале и со денисованите, уште еден изумрен подвид од родот Хомо.

Првично се мислеше дека сексуалните односи меѓу луѓето и неандерталците било „само една епизода“.