Пред да избега, Груевски им пратил писмо на Хан и Могерини – еве што им пишал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред да избега од Македонија и да побара азил во Унгарија, бившиот премиер на Македонија, Никола Груевски, им пратил писмо од 6 страни на првите лица на Европската Унија, пренесува Алфа ТВ.

Груевски во писмото се жалел за политички прогон во случајот „Тенк“ и побарал фер судење од меѓународни судии.Осудениот екс премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол.

Груевски бара меѓународни судии да извршат проверка на судските процеси и смета дека затворската казна му е изречена за целосно бесмислен и фабрикуван предмет. Груевски понатаму бара ЕУ или друга европска институција да ангажираат неколку врвни докажани судии од некоја од напредните земји-членки на ЕУ, кои ќе ги проучат предметите, доказите и на обвинителството и на одбраната, а би извршиле разговор и со обвинетите.