Предлог-закон за воведување десет нови празници – на потег се пратениците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако во Преамбулата на Уставот беа наведени како „други“, пред пратениците во македонското Собрание пристигна предлог-законот за воведување на десет нови празници.

Со ова, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, кои воедно предлагаат и промена на името на законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Со усвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со другите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.