Преголема доверба во технологијата: Возач спие додека вози со 100 километри на час (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави видео кое привлече големо внимание.

Имено еден возач на новите електрични „тесла“ автомобили буквално спие додека неговиот автомобил се движи со околу 100 километри на час.

„Се изненадив кога видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава. Свирев за да ги предупредам, но не рагираа“, раскажал Дакота Рандал кој ја снимил оваа ситуација и ја објавил на социјалните мрежи.

Електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, меѓутоа компанијата предупредува да бидат будни додека возат.