Премиерот најави зголемување на минималната плата на 14.500 денари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на македонската влада, премиерот Зоран Заев, најави дека е постигнат договор со бизнис заедницата и синдикатите за зголемување на минималната плата, која во иднина ќе биде зголемена на 14.500 денари.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

-Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари, изјави Заев.

Потеницра дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постогнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.