Пресврт: Ништо од Спалети, Милан потпиша со друг тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучијано Спалети нема да биде тренер на Милан и покрај тоа што медиумите вчера трврдеа дека е многу блиску до клупата на „росонерите“.

Спалети се договори со Милан, но не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Интер, бидејќи се уште е под договор со „нероаѕурите“.

Лучијано Спалети има договор со Интер до 2021 година, и проблем е што тој сака во целост да биде исплатен, додека Инетр е согласен да му плати бонус во висина од платата до крајот на оваа сезона.

Поради тоа Милан мораше да се сврти кон други алтернативи, а последните информации од Апенините се дека постигнал договор со Стефано Пиоли.

Пиоли денес ќе стави потпис на двегодишен договор, а потоа и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Милан, а веќе утре ќе го има првиот тренинг во Миланело.