Претседателската кампања во финиш: Денес последни митинзи пред првиот круг гласање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес претседателските кандидати ќе ги одржат последните митинзи во рамки на претседателската предизборна кампања. Од полноќ настапува изборен молк, а во недела следи првиот круг на гласање за претседателски избори.

Во релативно мирна атмосфера тројцата претседателски кандидати се среќаваа со граѓаните , одржуваа митинзи, а и централните собири во метрополата беа проследени исто така во релативно мирна атмосфера без инциденти.

Пред првиот изборен круг овој петок митинзите за СДСМ ќе завршат со централен настан во Охрид .Претходно кандидатот на владечката партија и коалицијата Заедно напред ќе имаат средби со граѓаните во Дебарца /с. Белчишта/ , Вевчани, Лабуништа и граѓанска трибина во Струга.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе митингуваат во Пробиштип и Штип каде во 20,30 часот официјално ќе го почнат последниот митинг за изборната кампања пред првиот изборен круг.

Кандидатот на Беса и АА за денеска нема најавено средби со граѓаните и митинзи.