Продолжуваат пролетните температури во ноември


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денес ќе имаме сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со максимална температура до 18 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината.