Прогласени победниците во конкуренција на тимови на ИТТФ турнирот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со свечената церемонија на доделувањата на одличјата на најдобрите во конкуренција на тимови заврши вториот ден од ИТТФ турнирот.

Во конкуренција на тимови кај јуниорите најдобар беше тимот на Хрватска, Хрватите во финалето ја совладаа Романија со 3:1. Бронзените медали отидоа кај екипите на Словачка и Тајван.

Кај јуниорките најдобри беа Романките кои во финалето беа поуспешни од тимот на Србија со 3:0. Третите места ги поделија екипите на Белгија и Словачка.

Во кадетска конкуренција кај момчињата најуспешен беше мешаниот тима од Перу и Белгија чии што играчи ги надиграа Романците со 3:1, бронзените медали отидоа кај ркипите на Словачка и Шпанија.

Кај девојќињата во кадетск аконкуренција најуспешни Романките, во финалето ја совладаа Белгија со 3:1. Бронза осовија Шведска и мешаниот тим на Словачка и Србија.