Променливо облачно и нестабилно, попладне пороен дожд и грмежи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од шест до 16, а максималните од 14 до 27 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата