Пронајдена и објавена загубена верзија на „Time“ од Фреди Меркјури од 1986 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес беше објавена уште една, „инструментално соголена“, верзија на „Time“ од Фреди Меркјури која славниот пејач ја изведува само во придружба на пијано. По снимката која е направена во студиото Abbey Road во 1986 година долго се трагаше.

Оваа верзија на „Time“ починатиот пејач на легендарните Queen ја отпеа само во придружба на пијано, како соло уметник во соработка со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.

Новата верзија беше објавеена под нејзиното целосно име „Time Waits For No One”.

„Тоа е само Фреди со пијано, и навистина покажува колку добар изведувач бил, имаше неверојатен опсег на глас“, рече Кларк, кој ја најде снимката по неколкугодишно трагање по истата, во изјавата која ја даде за Ројтерс.