Пронајдок за прочистување воздух на македонски студенти освои златен медал во Сеул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Студентите од Машинскиот факултет од Скопје Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со професорот Иле Мирчески и машинскиот инженер Тошко Ристов освоија златен медал за иновација на 12. меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја со нивниот ронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“.

Како што објавија од Машинскиот факултет, студентите за овој пронајдок освоиле златен медал од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Изложбата се одржа од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.